Македонската кадетска ракометна репрезентација денеска го игра последниот квалификациски натпревар за пласман на ЕХФ ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Црна Гора.
„Црвено-жолтите“ имаат скор од една победа и пораз. На стартот на совладаа Словачка, а вчера беа поразени од фаворитот Швајцарија. Денеска во салата Автокоманда, исто во 15 часот ќе ги одмерат силите со Косово, со победа на оваа средба тие ќе го чекираат билетот на еврошампионатот за кадети.
Влезот во салата е слободен, па на момците ќе им биде поддршка од трибините за да го остварат својот голем сон.