Конечно насмевка: Гвардиола го доби засилувањето што го чекаше

7227

Пеп Гвардиола денеска беше доста мрачен на теренот на натпреварот против Хадерсфилд. Сепак, победата од 5:0 му донесе насмевка на лицето, како и враќањето на теренот на Кевин де Бруин.

По пауза од неколку месеци, Кевин де Бруин денеска се врати на терените. Белгиецот забележа асистенција за петтиот гол на својот тим и го потврди статусот на кралот на асистенциите.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола е пресреќен што повторно може да смета на Де Бруин. Иако денеска беше намуртено, она што го направи Кевин на теренот му врати насмевка на лицето.

„Нему му требаат тренинзи сега повеќе отколку натпревари. Не е подготвен за 90 минути, ќе има две недели да се подготви за вториот дел од сезоната. Среќни сме што се врати.

Кевин е тој што ги решава натпреварите. Има само неколку од нив во светот. Кевин, Халанд, Фоден, Алварез ги решаваат натпреварите. Убеден сум дека Кевин чувствува колку луѓето го сакаат. Нашата меѓусебна почит ќе трае засекогаш“, изјави Гвардиола.

ПретходноЕкс-вардардецот ќе игра во тимот на поранешниот селектор!
СледноЛиверпул ја продолжи кризата на „топчиите“ и завери осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)