Ливерпул ја продолжи кризата на „топчиите“ и завери осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)

358

Во дербито од третото коло на ФА Купот, Ливерпул како гостин го совлада тимот на Арсенал со 2:0 и избори пласман во осминафиналето.

Оба веше трет последователен пораз за Арсенал кој покрај тоа што падна на четвртото место во Премиер лигата, сега е елиминиран и од ФА Купот и влегува во голема резултатска криза.

Арсенал вечерва одигра добро прво полувреме, но не покажа скоро ништо во вторите 45 минути, кога гостите дојдоа до головите за победа.

Во 78. минута, по корнер за гостите, Диого Јота од десетина метри ја погоди гредата и најави нови возбудувања пред домашниот гол. Притисокот на Ливерпул беше се посилен и во 81. минута Александер-Арнолд упати одличен центаршут во шеснаесетникот, Јакуб Кивиор ја зафати топката со глава, но наместо да ја отстрани опасноста, ја испрати во сопствената мрежа за водство на гостите од 0:1 .

Арсенал до крајот се обидуваше да израмни, тргна на се или ништо, што им остави повеќе простор на гостите за контранапад. Од една таква контра Ливерпул стигна до вториот гол преку Дијаз, кој со прецизен удар погоди за конечни 0:2 .

ПретходноКонечно насмевка: Гвардиола го доби засилувањето што го чекаше
Следно„Букмејкерите“ ептен ја потценија Македонија!