Актуелниот првак Наполи продолжува со лошите резултати, овој пат беше поразен на гостувањето кај Торино со 3-0 во рамките на 19 коло во Серија А. Валтер Мацари на мечот остана со играч помалку кога Мацоки доби црвен картон четири минути откако влезе во игра.
Со овој пораз Наполи падна на деветтото место на табелата со 20 бода зад лидерот Интер.
Санабрија го отвори мечот во 43. минута за 1-0, додека во вториот дел Влашиќ и Бонџироно беа стрелци во убедливиот триумф од 3-0.
На втората средба, Лацио беше подобар од Удинезе на гости со 1-2.