Ридигер во хуманитарна акција за помош на бездомниците во Берлин

85

На теренот е познат како пргав играч и бескомпромисен борец, а надвор од теренот ја покажува својата човечност и љубов. Тој редовно учествува во хуманитарни акции и слични проекти за помош на ранливите категории на луѓе, па така во претходните години донираше пари на дечиња од Сиера Леоне и учествуваше во големи инфраструктурни проекти во државата во која е родена неговата мајка. Оваа година помогна на најсиромашните жители на родниот град Берлин.

Во последните седмици температурите во Берлин достигнувале и до -10 степени, а Ридигер пред Божиќ дознал за 1700 бездомници на улиците на Берлин и одлучил на сите да донира пакети со гардероба во соработка со својот спонзор.
Зимата во Берлин е сурова и тешко се снаоѓаме затоа што никогаш немаме доволно луѓе како Антонио. Немавме доволен број вреќи за спиење, долна облека, а не пак нешто повеќе. Антонио не контактираше и ни донесе многу повеќе од тоа што баравме од граѓаните кои се во можност да донираат. Со таквата постапка покажа дека е благословен и инспириран од библиска порака“, изјави Кристијан Чекони од градската мисија за помагање на бездомниците во Берлин.

ПретходноБарак Бахар ќе ја тужи Црвена Звезда
СледноЕкс-вардардецот ќе игра во тимот на поранешниот селектор!