Серхио Љуљ вечерва станува рекордер на Реал Мадрид

200

Вечерва (18:30 часот) Реал Мадрид ќе и гостува на Басконија во меч од шпанската АЦБ лига, а тој меч ќе биде посебен за легендарниот Серхио Љуљ. Тој натпревар за ветеранот ќе биде 1046. во кариерата во дресот на Реал Мадрид.

Со тоа ќе се изедначи на првото место со уште една кошаркарска икона на „кралскиот клуб“ Фелипе Рејес, кој се пензионираше во 2021 година. А Љуљ се уште активно игра и ќе го подобри овој рекорд до крајот на сезоната.

Легендарниот Љуљ 18 сезони е во Реал Мадрид и во тој период освои 26 трофеја вклучително седум во АЦБ лигата и три во Евролигата.
Од индивидуалните награди тој беше МВП на Евролигата во 2017, МВП на АЦБ лигата во 2017, МВП во финалните мечеви од АЦБ во 2015 и 2016 година. МВП во Копа дел Реј во 2012 и 2017, МВП во Суперкупот во 2014, 2018 и 2021.

До пред мечот со Басконија, скорот на Љуљ е 10 654 поени.

ПретходноБелингем покажа класа и надвор од теренот (видео)
СледноАјнтрахт се засили со австриски репрезентативец