Три дена до ЕП, Јагуриноски: Играме против европски гиганти, желбата кај сите е единствена!

414

Македонската ракометна репрезентација полека ги пакува куферите за Германија. Оваа земја е домаќин на Европското првенство кое ќе се одржи во неколку градови. „Црвено-жолтите“ ќе играат во Дизелдорф и Берлин, првиот меч е за три дена против Франција на стадионот „Меркур Шпил Арена“.

Избраниците на Кирил Лазаров во победнки ритам го дочекуваат овој јануарски походод, во кој покрај Франција ги чека битки со Германија и Швајцарија, што еднакво на тешка задача.

На последните две контроли, Македонија беше подобра од Грција, а претходно славеше против Црна Гора. Иако противниците на ЕП се навистина голем предизвик и нашата репрезентација е аутсајдер, сепак ракометарите не се демотивираат, сакаат да одиграат достојно.

„Грција воопшто не беше наивен противник, а овие натпревари беа одлична можност за последни корекции во нашата игра пред настапот на ЕП. Можам да кажам дека одлично ги одработевме подготовките, на овие три контролни средби со Црна Гора и со Грција работевме на тактиката за европскиот шампионат и верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Свесни сме дека групата е тешка, играме против гиганти како Франција и Германија, но наша желба е да покажеме дека можеме да играме на високо ниво. Верувам дека се наоѓаме на добар пат за такво нешто“, изјави Јагуриноски.

Македонија утре заминува за Дизелдорф, Лазаров ќе понесе 18 ракометари.

ПретходноХоливудски суперстар е дизајнерот на новиот дрес на клуб од Премиерлигата! (ФОТО)
СледноВучиќ најави: По 200.000 евра за секој освоен златен медал на ОИ во Париз