Убедлива победа на Милан во Емполи

138

Екипата на Милан со 3:0 славеше победа на гостувањето кај Емполи во меч од 19.коло на Серија А. Резултатот го отвори Рубен Лофтус-Чик во 11 минута на асистенција на Рафаел Леао.


Во 31 минута играчот на Емполи, Јусеф Малех играше со рака во шеснаесетникот и судијата по консултација со колегите од ВАР собата досуди пенал за „росонерите“. Оливие Жиру ја затресе мрежата од белата точка.

Имаше Милан уште неколку шанси, во 52 минута Лофтус-Чик се обиде но топката заврши покрај левата статива. Десет минути подоцна голманот на Емполи одбрани удар со глава на Пулишиќ. Потоа и Леао шутна преку голот.

Но и Емполи имаше шанса во 70 минута, а Мањан со двојна одбрана го спаси својот гол. Во финишот 19-годишниот Чака Траоре ги постави конечните 3:0. Тоа е втор гол на играчот од БС Коска на вториот меч по ред откако стрелаше во дуелот со Каљари во Купот.

Бодовите заминаа на контото на Милан кој ја забележа 12-тата победа и со 39 бода е на третото место на табелата. Емполи е претпоследен со 13 бодови.

ПретходноАјнтрахт се засили со австриски репрезентативец
СледноВо Новата 2024 година МОК ќе има нов претседател!