Холивудската мега – ѕвезда Мајкл Б. Џордан, го посети тренинг кампот на Борнмут, тим од Премиерлигата. Познато е дека тој има свои акции во овој клуб, но главен е бизнисменот Бил Фоли, кој пак се води како сопственик на клубот ако се знае со колку акции располага во Борнмут.
Токму Фоли по посетата на Џордан на јавноста и го откри следното:
„Џордан и покрај сета слава тој е обичен човек. Не се однесува како ѕвезда и многу го сака фудбалот. Ни помага при пробивање низ маркетингот, на Борнмут на пазарот во САД. Инаку токму Мајкл го дизјаннираше новиот дрес на Борнмут кој наскоро ќе и биде претставен на јавноста“ истакна газдата на Борнмут.