Пред стартот на Европското првенство, „букмејкерите“ го направија финалниот поредок, ги пласираа коефициентите. Според нив најголеми шанси за освојување на златниот медал имаат Данците, за нив коефицентот изнесува 2.
Во Топ 3 репрезентации се најде уште Франција. Првиот противник на македонската ракометна репрезентација на ЕП 2024 е на второто место со коефицент 6 исто колку и бранителот Шведка.
Германија, домаќинот на првенството е петти со коефицент 11, додека пак Швајцарија е 16-та, коефицентот дека ќе го освои ЕП изнесува 1501.
Македонија е во долниот дел со коефицент 2501, само Босна, Грција и Грузија имаат поголеми коефиценти од нашата селекција.
Она што е доста чудно е дека Фрарски Острови се најдоа пред Македонија. Во ова друштво со најмали шанси се најде и Црна Гора.
Македонската репрезентација утре заминува за Дизелдорф, првиот меч го игра на 10. јануари на „Меркур Шпил Арена“.