Летоска во Париз ќе се одржат Летните олимписки игри, а за најголемата спортска манифестација зборуваше претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На гостување на телевизија Пинк тој најави вредни парични награди за оние што ќе освојат златни медали во Париз.
„Ќе имаме посебна седница на која ќе зборуваме за Олимпијадата во Париз. Ќе дадеме дополнителен поттик на спортистите кои ќе учествуваат, секој златен медал ќе го наградиме со 200.000 евра“, изјави Вучиќ.
На претходните ОИ во Токио Србија освои девет медали и беше 28. по успешност и најдобра меѓу земјите од регионот.