Германија во проблеми: За искусната ѕвезда ЕП заврши пред да почне!

908

За само три дена ќе започне Европското првенство во ракомет што ќе се игра во Германија, а домашната селекција која е еден од противниците на македонската репрезентација остана без уште еден играч.

Десното крило Патрик Грецки се повреди на пријателската средба против Португалија, според најавите шансите да се врати на теренот се многу мали. 34-годишниот ракометар во 23. минута без никаков контакт падна на теренот, според информациите станува збор за повреда на десното стопало, повреда која ја обнови.

Македонија и Германија ќе играат во Берлин на 14. ноември во рамките на второто коло на ЕП.

ПретходноШокантно: ПСЖ фаќал врски за Меси да ја добие “Златната топка“ во 2021?!
СледноЅверска партија на Адетокумбо од 48 поени и 17 скока, но пораз за Милвоки