Некогашниот капитен на Ливерпул сака по секоја цена да си бега од С.Арабија, ако треба ќе плати и 7 милиони фунти!

2745

 

Џордан Хендерсон, некогашниот капитен на Ливерпул, актуелен репрезентативец на Англија е несреќен во С. Арабија. Едноставно не може да се адаптира не само во неговиот тим Ал Етифак, туку и на животот во таа земја. Иако е платен 700.000 фунти неделно, има супер договор, тој има намера да си бега од С. Арабија. Ако го направи тоа тогаш ќе треба да и плати на државата С. Арабија дури 7 милиони евра, и тој на тоа е спремен.

Нешто слично како и Роберто Фирмино, некогашниот негов соиграч од Ливерпул. Ова не се ретки примери, како и Карим Бензема. Но има и такви, како Роналдо на пример, кои велат дека им е одлично во таа земја и дека се презадоволни.

Што се однесува до Хендерсон, тој не би имал ништо против да се врати на “Енфилд“ па макар и за далеку помала сума од тие 700.000 фунти неделно што ги зема во С. Арабија.

ПретходноСонувам да играм за Македонија со мојот идол Елиф Елмас!
СледноКадетите против Косово по заверка на билетот за ЕХФ ЕП