Штрајк во најава: Железничкиот транспорт од Дизелдорф до Берлин нема да функционира!

709

Проблем на стартот на Европското првенство, барем за оние кои ќе патуваат од град во град и тоа на стартот. Германските железнички сепак ќе штрајкуваат, најновата информација која доаѓа токму од ЕХФ е дека овој дел од транспортот нема да функционира два дена.

Штрајкот ќе започне на 10 јануари во два часот наутро, а ќе заврши на 12. јануари во 18 часот.

„Дојче бан“ е партнер на ЕХФ и Германската федерација во организацијата на Европското првенство 2024, но сепак преговорите меѓу машиновозачите и компанијата не го вродија посакуваниот резултат.

Оваа информација е лоша за оние кои ќе дојдат во Дизелдорф, каде ќе се играат првите мечеви од групата А во која се наоѓа и Македонија. Од овој град до Берлин има повеќе од пет часа возење поточно 560 километри. Па токму железничкиот превоз е најдоброто решение. Се останато трае подолго.

Останува да видиме дали нешто ќе се промени или пак ќе мора сите да бараат друга алтернатива.

Претходно„Тајмс“: Мбапе му се налути на Реал, не сака со ултиматум да му ја решаваат иднината
СледноЗошто Ван Дајк не играше против Арсенал?