Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото квалификациско коло на Австралија Опен во Мелбурн. Таа ќе настапи против полската тенисерка Катарзина Кава. Мечот ќе се игра во вторник.
Ѓорческа оваа сезона се надева на настап на сите четири Гренд слем турнири и да го подобри својот најдобар ранкинг во кариерата. Тоа беше 170 место во јуни 2017 година.
Моментално Лина е на 212 место на ВТА ранг листата. А нејзината противничка на АО, Кава е на 115 место. Тоа е прв меѓусебен дуел.