Искусниот голман Кристијан Наумовски се врати на „Чаир“

721

По 6 месеци минати во Сингапур, Кристијан Наумовски повторно се врати во составот на Шкипи. Од клубот денеска потврдија дека 35-годишниот голман повторно ќе застане меѓу стативите на „Чаир“.

„Среќен сум што се враќам во мојот втор дом, Шкупи. Не ни размислував кога ја добив понудата да се вратам. Со помош на соиграчите и стручниот штаб се надевам дека ќе успееме повторно да бидеме шампиони на Македонија“, изјави Наумовски по враќањето.

Наумовски беше дел од Шкупи во периодот од 2020 до 2023 година.

ПретходноДибала се сели во Лондон?
СледноНевидена бламажа: Капитенот на Арсенал побара поддршка од фановите, ама од оние на Ливерпул! (ФОТО)