Антонио Конте синоќа присуствуваше на натпреварот Торино-Наполи, што дополнително ги подгреа гласините дека би можел да биде на клупата на актуелниот шампион на Италија.
Аурелио Де Лаурентис го доведе Валтер Мацари по лошиот почеток, о неговото враќање не оди според планот.
Наполи продолжи да тоне под палката на Мацари бидејќи на 10 натпревари има дури шест порази, со три победи и едно реми. Во последните четири натпревари Наполи не постигна ниту еден гол, а прими дури девет, поради што повторно е можна промена во Неапол.
Конте синоќа гледаше како Наполи губи со 3:0 од Торино, а по натпреварот не ја исклучи можноста да дојде на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
„Би можел да дојдам, но сакам работите да се случат како што треба“, изјави Конте.
Да потсетиме, тој беше поврзуван со клупата на Милан, откако Стефано Пиоли неколку пати беше напаѓан од критичарите поради лошите резултати.
Не треба да заборавиме дека Наполи се уште е во Лигата на шампионите, каде во битката за четврт-финалето се среќава со Барселона.