Бразил има нов селектор!

367

Бразилскиот фудбалски стручњак Доривал Жуниор (61) го напушти Сао Паоло за да ја преземе репрезентацијата на Бразил, објави неговиот сега поранешен клуб.

Откако пропадна нивниот обид да го доведат Италијанецот Карло Анчелоти, челниците на Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) се обратија до локалниот стручњак, 61-годишниот Жуниор, кој од април минатата година е на чело на Сао Паоло.

Доривал Жуниор (61) во својата богата тренерска кариера ги водеше скоро сите бразилски гиганти: Фламенго, Палмеирас, Сантос, Флуминенс, Васко да Гама, Крузеиро, Интернационал …

ПретходноНеобично издание: Јокиќ имаше три шута и 16 асистенции
СледноДва дена до стартот на ЕП: Швајцарија со 17 ракометари во Германија