Она што „СпортСпорт“ го најави пред неколку ден, од вчера е готово. Ване Крстевски, еден од најдобрите млади офанзицвци во ПМФЛ, актуелен репрезентативец на Македонија до 21 година, е нов член на Шкендија. Се очекува во секој момент и негова официјална промоција во дресот на тетовскиот клуб.
Инаку се шпекулира дека за овој трансфер, Брера Струмица како отштета ќе добие 100.000 евра. Сепак дали ова е вистина или не, тоа го знаат раководствата на Шкендија и Брера Струмица.