Швајцарија, последниот противник на македонската ракометна репрезентација во групната фаза на ЕП 2024 година со 17 ракометари ќе допатува во Германија.
Во последен момент од списокот на Селекторот на Швајцарија, Михаел Сутер отпадна членот на Криенс Луцерн ги скина лигаментите на коленото на дуелот со Аргентина од „Жолтиот Куп“ во Винтертур.
Но, ова не менува ништо особено за Македонија, бидејќи оваа селекција има добар состав. Главните ѕвезеди се капитенот Никола Портнер, Енди Шмид (најдобар стрелец во Европската лига) и Мануел Зендер кој е најдобриот стрелец во Бундеслигата сезонава. Не смее да се заборави Лени Рубин, левиот е во во Топ 10 стрелците во Бундеслигата.
Швајцарија, исто како и Македонија денеска ќе пристигне во Дизелдорф.