Македонија ЃП денеска и официјално стартуваше со подготовките за пролетниот дел. Играчите се собраа, тренерот Џангаровски изврши прозивка. Тука покрај другите беше и Крсте Велкоским, најголемото засилување, инаку екс репрезентативец и екс – капитен на Работнички кој оваа зима направи трансфер од Дебар Маало во Ѓорче Петров.
Да потсетиме дека главната фаза од подготовките ќе биде одработена во Хрватска, а ќе се одиграат неколку пријателски средби, покрај другите и со Динамо Загреб.