За два дена стартува Европското првенство во Германија. Македонската ракометна репрезентација пристигна во Дизелдорф, каде на 10. јануари ќе биде дел од историјата.
На стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи ќе се одиграат првите два меча од нашата група А. Македонија ќе ги одмери силите со Франција, додека по оваа средба домаќинот Германија ќе се сретне со Швајцарија.
Сите четири репрезентации по овие средби се селат во Берлин каде ќе се доигра групната фаза од нашата група.