По собирот и прозивката, фудбалерите на Шкендија попладнево го одработија и првиот тренинг во новата 2024 и тоа под водство на новиот стратег Јетон Беќири. Како што може да се види од фотографиите, Методи Максимов, кој се најавуваше дека ќе прави трансфер во Ласк Линц, беше присутен на првиот тренинг и засега му се става на располагање на тренерот Беќири.