Манчестер Ј. го потврди местото во 4. коло на ФА Купот

274

Екипата на Манчестер Ј. oствари победа од 0:2 против Виган во еден од последните дуели во 3. коло на ФА Купот.

Диого Далот во 22-та минута го отвори резултатот и им донесе предност на „црвените ѓаволи“. Таа предност се зголеми во 74-тата минута со голот на Бруно Фернандес од пенал.

Со оваа победа екипата на Тен Хаг се пласираше во следната фаза од ФА Купот каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Њупорт Каунти и Истлиџ.

ПретходноНово ЕП за нашите ракометари: Секогаш со срце за Македонија (ФОТО)
СледноЃорческа по два и пол часовна борба e елиминирана од Австралија опен