Леброн Џејмс на крајот на минатата година го прослави својот 39-ти роденден. Тој ја игра 21-ва сезона и во неа постигнуваат бројки кои се недостижни и за многу помлади играчи.
Четирикратниот шампион во НБА лигата има просек од 25,2 поени, 7,3 скока и 7,4 асистенции по вечер. Генерално, тој е 17-ти водечки стрелец во лигата, 33-ти скокач и деветти асистент оваа сезона. И покрај доцните кошаркарски години, тој се уште е одличен.
Тоа го докажа во победата од 106:103 против градскиот ривал Клиперс, во која доминираше со 25 поени, осум скока и седум асистенции и во која се истакна со неколку потези.
Got ’emmmm
Get 23 to All-Star: https://t.co/mVlG4tlfMz pic.twitter.com/WWl8joAWDi
— Los Angeles Lakers (@Lakers) January 8, 2024