Вчера на „Емирејтс“ во меч од ФА Купот, Арсенал беше поразен од Ливерпул со 0:2, но тоа не е толку трагично колку она што го направи Мартин Одегард, капитенот на “топчиите“.
Имено тој во еден момент се сврте према трибините и побара поддршка од фановите, ништо чудном, но чудно е тоа што тоа го побара од оние на Ливерпул.
Па така денеска Одегард е цел на исмејување на социјалните мрежи, а најголем сеир, секако, фаќаат навивачите на Ливерпул.
Некои го “бранат“ со констатација дека и двете навивачки групи се “црвени“ и дека тој поради тоа што не му оди добро во последно време на неговиот тим, просто заборавил на кои фанови треба да им се обрати.
Во секој случај невидена бламажа.