Пад на македонските тенисери на АТП и ВТА листата

112

Најновата промена на АТП ранг-листата донесе минимална промена на рангот на најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој со 159 поени се наоѓа на 326.то место или има пад за една позиција. Другите двајца македонски тенисери имаа подобар пласман во однос на претходната недела. Горазд Србљак со 10 поени се наоѓа на 1.055.то место (скок две позиции), додека Обрад Марковски е на 1.452.то место со скок од една позиција со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 677.то место (пад за три места) со 71 поен, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1.354.то место со 16 поени (пад за пет позиции). Марковски е на 1.760.то место со 7 поени или има пад за четири места, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2.131.то место со три поени (пад за осум места).

Две места „надолу“ за Ѓорческа и Стоилковска

Двете македонски тенисерки кои имаат ранг на ВТА листата на денешното најново рангирање имаат пад за две места. Лина Ѓорческа, која утре ќе има и настап во првото коло од квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 214.то место со 364 поени, додека Магдалена Стоилковска со 9 поени, се наоѓа на 1.213.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е единствената македоска тенисерка која има ранг и се наоѓа на 369.то место со 226 поени или има пад за една позиција.

ПретходноИ “лавовите“ ги стартуваа подготовките, тука е и Крсте Велкоски! (ФОТО)
СледноУште еден трансфер во Романија: Тодороски и официјално во Поли Јаши! (ФОТО)