Во март оваа година во С.Арабија ќе се одржи спектакуларен бокс меч меѓу Ентони Џошуа и Франсис Нгану. На 15 овој месец во Лондон ќе се опдржи прес -конференција на која ќе биде дефиниран датумот и ќе се кажат деталите за овој спектакл кој го очекуваат сите боксерски фанови во светот со нетрпение.
Инаку во глобала познато е колку ќе заработат и двајцата.
Според медиумите на Островот, Џошуа нема да помине под 40 милиони евра и бонуси, додека Нгану ќе мора да се задоволи со двојно помалку, значи со 20 милиони и плус бонуси.