Два дена ја делат македонската ракометна репрезентација од настап на Европското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров за ова континентално натпреварување ќе поведе 18 ракометари, последен од списокот испадна Цвента Кузманоски.
Утринава македонската експедиција ги спакува куферите и го напушти главниот град. Следна станица е Дизелдорф каде на 10. јануари, „црвено-жолтите“ играат против Франција. Ова ќе биде меч за историја, бидејќи ќе се игра на стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи.
Четири дена подоцна во Берлин ќе ги одмерат силите со Германија, додека групната фаза ја затвраат со Швајцарија.