27-годишниот корпулентен и 191 сантиметар висок напаѓаќ, Ѓорѓе Ивковиќ од денеска е ново засилување за екипата на Брера Струмица. Ивковиќ и во изминативе денови се споменуваше како можно решение за напаѓачката позиција, но од клубот неговиот трансфер го потврдија денеска.
Ивковиќ во Струмица доаѓа од екипата на Раднички Срем. Во својата кариера има многу настапи низ клубови од Србија, а интернационалната кариера ја почна од словенечки Анкаран, а играше и во Казахстан и во Албанија.