Џемаил Ибиши од денеска и официјално не е веќе фудбалер на Тиквеш. Кавадарчани и младиот напаѓач одлучија да ја прекинат соработката, па так тој сега може да си побара нова средина.
Ново е тоа што во Кавадарци доаѓаат двајца интернационалци од Бразил, напаѓач и играч за врска. Тиквеш со двајцата е во завршни преговори и се очекува до среда сите детали да бидат договорени.
Инаку познато е дека Тиквеш, како што “СпортСпорт“ прв објави, се засили со младинскиот репрезентативец на Летонија, Артјомс Пузиверскис (20) и тој би требало да биде големо засилување за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов. Нашите информации велат дека Тиквеш го чека и Христијан Малески од Струга ТЛ, а покрај него тимот ќе биде засилен со уште 2-3 нови имиња.
Нема што, Тиквеш не се шегува.