Иконата на германскиот и светски фудбал, еден од најглемите во историјата на фудбалот, Франц Бекенбаур денеска почина на 78 година. Ова предмалку го објавија медиумите во Германија. Да потсетиме дека во последно време Кајзер Франц беше болен и не успеа да победи во таа негова битка против болеста.
Бекенбауер како играч и како селектор на Германија беше светски првак, со својот Баерн Минхен беше непобедлив, потоа со Пеле во Космос заедно ја “запалија“ Германија.
Бекенбауер беше еден од тројцата во светот кои беа како играчи и селектори светски прваци со своите репрезентации, заедно со Загало (Бразил), кој исто така пред некој ден почина, и Дешамп (Франција).
Беше долго време еден од водечките луѓе во Баерн Минхен.
Еден и единствен, Кајзер Франц.