Натпреварот меѓу екипите на Чезена и Олбија во третата италијанска лига го одбележаа непријатни сцени кои се случија по неговото завршување.
По натпреварот кој заврши со резултат 1:0 за Чезена, таткото на албанскиот интернационалец Кристијан Шпенди, фудбалер на Чезена, влета на теренот и го нападна голманот на гостинската екипа Филип Риналди.
Причината за ова беше тоа што во еден дуел меѓу Риналди и Шпенди фудбалерот на Чезена се здоби со повреда на главата и поради тоа мораше да ја напушти играта.
Chaos in Italy’s Serie C 😳
The father of Cristian and Stiven Shpendi rushed onto the field and tried to punch the goalkeeper in the game between Cesena and Olbia.
— Sacha Pisani (@Sachk0) January 7, 2024