Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во четврток ќе го има првиот ревијален натпревар во „Род Лејвер Арената“ на хуманитарното шоу наречено „Вечер со Новак и пријателите“. Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас ќе ги одмерат силите во мечот во мешани двојки, што ќе биде своевиден римејк на минатогодишното финале.
Нивни партнери ќе бидат актуелната шампионка на Австралија опен, Арина Сабаленка од Белорусија и Гркинката Марија Сакари.
За време на „првата продолжена недела“ на Австралија опен, во „Род Лејвер Арена“ ќе се одиграат неколку хуманитарни егзибициски натпревари, а Новак Ѓоковиќ ги покани сите љубители на тенисот во Мелбурн да му се придружат нему и на неговите колеги во „Род Лејвер Арената“.
На централниот терен во вторник ќе се одигра меч меѓу две повратнички на теренот, Јапонката Наоми Осака и младата Британка Ема Радукану.
Ден подоцна, во среда, на 10 јануари, ќе се одигра егзибициски меч меѓу најсериозниот конкурент на Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и австралиецот Алекс Де Минор.