31-годишниот бразилски напаѓач Луан Силва и 27-годишниот дефанзивен играч за врска Робертињо се најновите засилувања за екипата на Тиквеш.
Двајцата Бразилци доаѓаат во прволигашот од Кавадарци од екипата на Амазонас, која оваа сезона во Бразил успеа да се пласира во тамошната второлигашка конкуренција.
И за Силва и за Робертињо доаѓањето во Македонија практично е прво интернационално искуство. Покрај нив, Тиквеш зимава го позајми и Летонецот Артјомс Пузиревскис, а дефинитивно ќе го добие и Малески од Струга ТЛ.