Италијанските медиуми откриваат дека лондонскиот клуб Челзи е заинтересиран за Аргентинецот, кој има откупна клаузула поставена на само 12 милиони евра.
Бидејќи Дибала дојде во Рома како слободен играч, бараше да има излезна клаузула со која лесно може да го напушти Олимпико во случај на вистинска понуда. Сепак, оваа клаузула важи само за клубови надвор од Серија А и истекува на 15 јануари.
Челзи има уште седум дена да ја извести Рома и да ја активира клаузулата, доколку прво се договори со Дибала.
Покетино има многу проблеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Енкунку повторно се повреди.
Дибала би можел да биде решението, иако не е класичен напаѓач, познато е дека е одличен во последната третина од теренот и дефинитивно би го подобрил нападот на Челзи.
Сезонава на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола и забележа исто толку асистенции.