Македонските ракометари се „чекираа“ во Дизелдорф!

494

За два дена стартува Европското првенство во Германија. Македонската ракометна репрезентација пристигна во Дизелдорф, каде на 10. јануари ќе биде дел од историјата.

На стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи ќе се одиграат првите два меча од нашата група А. Македонија ќе ги одмери силите со Франција, додека по оваа средба домаќинот Германија ќе се сретне со Швајцарија.

Сите четири репрезентации по овие средби се селат во Берлин каде ќе се доигра групната фаза од нашата група.

ПретходноСагата продолжува: Мбапе со договорил со Реал Мадрид?! (ФОТО)
СледноДимитријевиќ одличен, Уникс поразен на гости кај Енисеј!