Санчез сака да си оди од Рома, за да потпише со Бешикташ

232

Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез настојува да ја прекине соработката со Рома каде е на позајмица од ПСЖ. Ситуацијата со Португалецот ја следи Бешикташ кој наводно се интересира за 26 годишникот.

Поранешниот фудбалер на Бенфика и Баерн Минхен пристигна во Рома на позајмица со опција за целосен трансфер во летниот преоден рок, но тој не успеја да се снајде во италијанската престолнина. Рома настојува да ја прекине позајмицата шест месеци порано од нејзиното истекување.

Бешикташ и ПСЖ ќе продолжат со преговорите за Санчез, а како опција се наведува и можност за позајмица на Ренато во Турција до крајот на оваа сезона.

ПретходноЃоковиќ со ревијален натпревар го започнува настапот на Австралија опен
СледноНово ЕП за нашите ракометари: Секогаш со срце за Македонија (ФОТО)