Така се работи: Хрватски третолигаш продаде играч за 5,2 милиони евра!

1404

Чудо невидено за наши услови. Имено Кустошија, клуб од третата лига во Хрватска продаде играч, и тоа во Лајпциг кај Елиф Елмас, за 5.2 милиони евра. Неговото име е Дино Клапија и има само 17 години. Овој трансфер го потвдрува и фамозниот Фабрицио Романо.

Ете, така се работи. Нека видат сите клубови на Балканот, а посебно во Македонија, дека фудбалот и тоа како е одличен бизнис, само треба да знаеш да го работиш.

За Клапија биле заинтересирани и Арсенал, Дортмунд, Динамо Загреб, но ете “биковите“ од Лајпциг успеале да го доведат.

ПретходноТиквеш и Ибиши “раскинаа“, двајца Бразилци доаѓаат во Кавадарци!
СледноШкупи од денеска во “погон“, од утре во комплетен состав! (ФОТО)