ФА Куп: Сити оди кај Тотенхем, Вила гостува кај Челзи

382

Вечерва се одржа ждрепката за 1/16-финалето од англискиот ФА Куп. Во оваа фаза ќе гледаме две премиерлигашки пресметки меѓу Манчестер Сити и Тотенхем, како и дуелот меѓу Челзи и Астон Вила.

Ливерпул кој го елиминираше Арсенал имаше одлична ждрепка, па во следната рудна ќе го чека подобриот од дуелот на нисколигашите Норич и Бристол Р. Премиерлигашки дуел ќе има и во Лондон каде Фулам ќе го пречека Њукасл.

Натпреварите ќе се играат на 27 јануари со почеток од 16:00 часот, додека пак заостанатите натпревари од 1/32-финалето ќе се доиграат на 16 јануари. Останатите парови се:

Вотфорд – Саутемптон

Блекбурн Р. – Врексам

Бормут – Свонси

Вест Бром – Брентфорд или Вулвс

Вест Хем или Бристол С. – Нотингем Ф. или Блекпул

Лестер – Хал или Бирмингем С.

Шефилд В. – Ковентри

Челзи – Астон Вила

Ипсвич Таун – Мејдстон Јунајтед

Ливерпул – Норич или Бристол Р.

Тотенхем – Манчестер Сити

Лидс Јунајтед – Плимут Аргајл

Кристал Палас или Евертон – Лутон или Болтон

Њупорт К. или Истлиџ – Виган или Манчестер Јунајтед

Шефилд Ј. – Брајтон

Фулам – Њукасл

ПретходноПознато е колку ќе заработат Џошуа и Нгану од супер – спекталот во С. Арабија!
СледноЃоковиќ со ревијален натпревар го започнува настапот на Австралија опен