Шер на „Ст. Џејмс Парк“ до 2025 година

110

Швајцарскиот репрезентативец Фабијан Шер денеска го продолжи договорот со екипата на Њукасл.

Новиот договор на искусниот дефанзивец е во важност до јуни 2025 година.

Шер пристигна во англискиот клуб во 2018 година и од тогаш одигра 169 натпревари и постигна 11 погодоци. Од тогаш тој се афирмираше како стандарден дефанзивец во англиската екипа и во репрезентацијата на Швајцарија.

ПретходноИбиши ќе биде ново засилување за Шкупи
СледноДвајца Бразилци од утре во составот на Тиквеш