Денеска и фудбалерите на Шкупи ги стартуваа подготовките. Поради празникот од денешниот тренинг беа ослободени играчите од православна вероисповест, па така од утре чаирчани ќе се комплетираат.
Шкупи во пролетниот дел и тоа како ќе биде во конуренција во битката за титулата, а во зимскиот преоден рок се очекуваат неколку нови имиња.