Како што и беше најавено, денеска новиот стратег на Шкендија, Јетон Беќири прозиваше во редовите на тетовските “црвено – црни“ и со тоа тој означи старт на зимските подготовки за пролетниот дел во сезоната 2023/24.
На првиот собир во новата 2024 година, на играчите им беше кажано што се ги очекува во текот на подготовките и какви се амбициите на Шкендија во пролетниот дел. Секако дека тетовци не се откажуваат од битката за титулата, иако есенскиот дел го завршија со 4 бода заостанување зад лидерот Струга ТЛ и минус три во однос на вториот Шкупи.