Жоглев и Вардар ја завршија соработката

408

25-годишниот напаѓач Владимир Жоглев заминува од екипата на Вардар. Попладнево од таборот на “црврно-црните” потврдија дека Жоглев кој сезонава одигра десет натпревари сезонава во ПМФЛ, даде гол и запиша асистенција, повеќе не е дел од клубот.

„Црвено-црните“ преку социјалните мрежи му се заблагодарија на Жоглев и му посакаа среќа во понатамошната кариера.

Жоглев беше дел од Вардар од летото 2022 година.

ПретходноДе Лаурентис ги затворил фудбалерите на Наполи во хотел!?
СледноТер Штеген се опоравува брзо, се враќа на терен до крајот на месецов?