Кизиќ и Томовски со први импресии од “Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф: Малку сме шокирани! (ВИДЕО)

234

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Нашите ракометари го одработија денешниот тренинг на стадионот или “Меркур Шпил Арената“ во Дизелфдорф, каде утре со почеток во 18 часот ќе ги одмерат силите со Франција и тоа пред 55.000 гледачи.

Секако не криеја сите дека се воодушевени и пријатно изненадени од тоа што го гледаат.

За ова имаа што да кажат голманите Марко Кизиќ и Мартин Томовски.

Малку сите сме шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Преубава е атмосферата вака со празна сала, а едвај чекаме да ја видиме полна. Два дена сме тука, се е супер и едвај чекаме да започне натпреварот“ истакна Кизиќ.

Навистина неверојатно чувство, пријатно сме изненадени. Ќе биде чест и задоволство да се настапи на еден ваков стадион, да се испише историја. Нам ни останува да уживаме и да дадеме се од себе“ кажа Томовски.

ПретходноВасоски прозиваше во Кратово, Силекс тргна со подготовките!
СледноСудии од Шведска ќе ни судат утре против Франција!