Лидерот во германската Бундеслига, Баер Леверкузен, ќе биде без својот голгетер Виктор Бонифејс најмалку три месеци. Бонифејс мора да оди на операција откако ги повреди препоните.
Нигерискиот напаѓач се повреди на подготовките со репрезентацијата за Африканскиот куп на нации.
„Бонифејс заработи повреда на тетивата во пределот на десната препона на подготовките на репрезентацијата во Дубаи. Ова се резултатите од тестовите направени денеска во Келн. Тој ќе биде опериран во наредните денови и ќе се врати на терените на почетокот на април“, се наведува во соопштението на Баер.
Во есенскиот дел од сезоната Бонифејс постигна десет гола и забележа седум асистенции во дресот на Леверкузен.