ОФИЦИЈАЛНО: Дашмир Елези е нов играч на Локомотива Загреб

1098

Младиот фудбалер на Шкендија, Дашмир Елези ја продолжува кариерата во Хрватска поточно во тимот на Локомотива Загреб. Тетовскиот и загрепскиот клуб се договориле за трансферот на 19-годишниот напаѓач, сумата не е соопштена, но како дел од трансферот Шкендија ќе добие 10% од парите при следниот трансфер на фудбалерот.
Елези е дете на Шкендија, а дебитираше за првиот тим на 16 години и е најмладиот стрелец во историјата на клубот. Тој има 90 натпревари и 13 голови за првиот тим на Шкендија со кого ја освои титулата во сезоната 2020/21.
Минатата година Елези направи трансфер во Торпедо Кутаииси, но на барање на играчот соработката беше прекината и тој се врати во Шкендија.

ПретходноШевченко одбил селекторска функција
СледноМакедонија пред тешка мисија, Кузмановски со порака: Лавовски ќе се бориме за нашата држава, за фановите..