Таткото на Нејмар ги плаќа судските трошоци за Дани Алвеш

1433

Таткото на Нејмар дал свои финансиски средства за адвокатите кои го бранат некогашниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш, кој во моментов е во затвор.

Според бразилските медиуми, поранешниот дефанзивец на Барселона и бразилската репрезентација побарал помош од својот поранешен соиграч Нејмар и од неговото семејство.

Нејмар да Силва Сантос, таткото на фудбалерот на Ал-Хилал, му испратил на Алвеш суа од 150.000 евра за да се платат судиските и адвокатски трошоци.

Исто така, од јуни 2023 година, адвокат на Алвеш е Густаво Ксисто, еден од долгогодишните правни застапници на компаниите на Нејмар Сениор.

ПретходноЛидерот во Бундеслигата три месеци ќе биде без нигерискиот голгетер
СледноАл-Келаифи: Мбапе има договор со мене!