Поранешниот украински напаѓач Андриј Шевченко одбил понуда да работи како селектор на фудбалската репрезентација на Азербејџан, пренесува „Спортинфо.аз“. Според изворот, потпретседателот на ФФ на Азербејџан, Елшад Насиров го сакал екс-играчот на Милан и на Челзи на селекторската функција.
Сепак, Шевченко ја одбил понудата затоа што планот му е да стане претседател на Фудбалската федерација на Украина и засега не планира да работи како тренер.
Шевченко работеше како селектор на Украина од 2016 до 2021 година, а беше тренер и на Џенова.
Претходно и Олег Блохин ја одбил понудата да биде селектор на Азербејџан.