Ѓорческа по два и пол часовна борба e елиминирана од Австралија опен

442

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во првото квалификациско коло на Австралија опен. Подобра од Ѓорческа беше полската тенисерка Катарзина Кава која славеше со 2:1 по две и пол часовна борба. Причината за поразот на Ѓорческа се двојните сервис грешки, ги имаше дури 12 за разлика од противничката која имаше тројно помалку.

Првиот сет Кава го доби со 7:5, таа тргна со 3:0 но Лина направи брејк и поведе со 3:5. Нашата тенисерка имаше предност од 4:5 и не успеа да го приведе сетот во своја корист.

Вториот и припадна на Лина со 6:4, а во решавачкиот полската тенисерка беше многу подобра тргна фуриозно имаше предност од 5:3 и сервис за победа. Лина добро се бранеше, спаси пет меч топки но не успеа да ги сврти работите во своја полза.
Во следното квалификациско коло Кава ќе игра со Лесли Патинама Керхова од Холандија која беше подобра од Лукреција Стефанини од Италија со 6:3, 6:3.

ПретходноМанчестер Ј. го потврди местото во 4. коло на ФА Купот
СледноЧикаго и Индијана славеа победи по возбудливи завршници